• петок, 28 август 2026

Американските разузнавачки служби тврдат дека Путин може да ја тестира решителноста на НАТО со ограничен напад врз една земја-членка

Американските разузнавачки служби тврдат дека Путин може да ја тестира решителноста на НАТО со ограничен напад врз една земја-членка

Вашингтон, 7 август 2026 (МИА)  - Американските разузнавачки служби во најновиот извештај тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин може во следните неколку години да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО со ограничен напад врз една од земјите-членки.

Можните сценарија вклучуваат кибер напади, саботажа или мала копнена инвазија, наместо голема инвазија, објавува „Волстрит џурнал“, а објави „Индипендент“.

Проценките, опишани од американските претставници, доаѓаат во услови на недостиг на критична муниција што би ѝ била потребна на американската војска за да се соочи со Русија или Кина во потенцијална идна војна, првенствено затоа што САД драстично ги намалија своите залихи од такво оружје поради трансферите во Украина по руската инвазија, како и конфликтот со Иран.

Изворите велат дека залихите што се изложени на ризик вклучуваат прецизни ракети со долг дострел и тактички ракетни системи на војската, како и ракети земја-воздух „Стингер“ со краток дострел.

Во извештајот се наведува дека претходно се сметало дека нема да има напад врз ниту една од членките на НАТО, со оглед на преокупацијата на Русија со војната во Украина, но новите прогнози на американските разузнавачки служби се слични на предупредувањата на одредени европски претставници во последните месеци.

Началникот на германската армија, генерал-потполковник Кристијан Фројдинг, во јуни предупреди дека Русија би можела да има можност да ги нападне земјите-членки на НАТО во следните три години, односно дека голем хибриден воен напад, или дури и ограничен копнен упад, би можел да се случи помеѓу есента оваа година и 2029 година.

Според извештаите, разузнавачките податоци укажуваат дека Русија би можела да се обиде да изврши и напади под „лажно знаме“, користејќи беспилотни летала произведени во Украина за напад врз критичната инфраструктура во Балтикот, а изворите тврдат дека нападот најверојатно би бил насочен кон источното крило на НАТО со цел да се тестираат обврските на Алијансата според Член 5 - клаузулата за колективна одбрана за земјите-членки.сд/јт/

Фото: МИА архива