• петок, 22 ноември 2024

Американскиот универзитет на Европа – ФОН одбележа 20 години од основањето

Американскиот универзитет на Европа – ФОН одбележа 20 години од основањето

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Сите чинители во државата треба да најдат механизми како општеството побрзо да реагира на предизвиците кои ги носи новото време, особено зголемените сајбер напади. За жал, агресијата врз Украина уште еднаш докажа дека инвестирањето во сајбер безбедноста не е трошок, туку инвестиција. Сајбер безбедноста не е предмет на прашање само на една институција, туку треба да биде предмет на заеднички интерес на повеќе институции кои меѓусебно ќе соработуваат во обука и креирање на професионални кадри од областа на сајбер безбедноста со цел да одговорат на сè почестите закани, опасности и напади во дигиталниот свет.

Ова е заклучокот од денешниот меѓународен стручен симпозиум на тема „Високото образование во ерата на дигиталната технологија“ организиран од Американскиот универзитет на Европа – ФОН, по повод 20 годишнината од основањето на Универзитетот.

Честитајќи го јубилејот на ФОН, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска им посака на студентите и наставниот кадар на Универзитетот успешно справување со предизвиците во децениите кои доаѓааат и држење чекор со технолошките промени. Таа нагласи дека знаењето и информациите се достапни како никогаш порано во историјата, дека дигитализацијата ја носи и придобивката од флексибилност во учењето, но се осврна и на ризиците кои ги носат постојаните технолошки промени.

-Клучно е да се оспособат новите генерации за успешно да навигираат во тој океан од информации. Како да препознаваат релеванти извори, а како да ги отфрлат манипулативните и лажните. Како да препознаат и да се справат со дезинформациите, истакна Грковска. 

Ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, професор д-р Билјана Пулеска Јанушевска во своето обраќање пред присутните истакна дека околностите на светско ниво драматично го забрзаа влијанието на дигиталната економија во сите сектори – работа, транспорт, образование, здравство, трговија, храна и други.

-Наша заедничка одговорност како граѓанско општество е да ја промовираме употребата на дигитални технологии, која ќе обезбеди праведна транзиција. Притоа, ние како високо -образовна институција ќе го преземеме водството во дигиталната трансформација и ќе го поставиме темпото на национално ниво, потенцираше ректорката на АУЕ- ФОН, Пулеска Јанушевска.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН кој што денеска одбележа 20 години од своето основање, додели две титули „Doctor Honoris Causa“. Со титулата „Doctor Honoris Causa“ се стекна францускиот професор Мишел Фушер, кој со своите активности придонесе во развојот на научната мисла, културата и високото образование и значително го помага процесот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Доделување на титулата „Doctor Honoris Causa

Титулата „Doctor Honoris Causa“ му беше доделена и на Јехиел Хилик Бар од Израел, автор на бројни трудови и публикации.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан