• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе ги посети Италија и Индија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе ги посети Италија и Индија

Вашингтон, 16 април 2025 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе ги посети Италија и Индија меѓу 18 и 24 април, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од Белата куќа.

Тој ќе разговара за „заедничките економски и геополитички приоритети со лидерите на секоја земја“, се вели во соопштението.

Се очекува, Венс да се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Во Индија тој ќе се сретне со премиерот Нарендра Моди и ќе ги посети градовите Њу Делхи, Џајпур и Агра. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан