• среда, 15 мај 2024

Американскиот министер за одбрана се враќа на работа во понеделник

Американскиот министер за одбрана се враќа на работа во понеделник

Вашингтон, 27 јануари 2024 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се очекува да се врати во Пентагон во понеделник по речиси еден месец во болница поради компликации по операција на рак на простата во декември, објавија странските агенции.

Лекарите од воената болница „Волтер Рид“, каде што беше примен Остин, информираа дека прогнозите за неговото здравје се одлични, така што нема да му треба дополнително лекување.

Хоспитализацијата на Остин, од 1 јануари, се држеше во тајност, за што дури и претседателот Џо Бајден поголемиот дел од првата недела од годината кога министерот беше на третман, не беше информиран. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан