• среда, 12 март 2025

Американскиот заменик-помошникот државен секретар Касаноф во посета на Тирана

Американскиот заменик-помошникот државен секретар Касаноф во посета на Тирана

Тирана, 19 декември 2024 (МИА) – Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф денеска престојува во Тирана, каде ќе учествува на церемонијата по повод петгодишнината од формирањето на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК).

Касаноф, кој ја презеде функцијата во јули оваа година како наследник на Габриел Ескобар, се очекува да одржи говор на овој настан, потврдувајќи ја американската поддршка за реформите во правосудството во Албанија.

Во петгодишното работење, СПАК одигра клучна улога во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Институцијата во овој период истражи и изведе пред лицето на правдата значителен број високи актуелни и поранешни функционери, меѓу кои и поранешни премиери, министри, пратеници и градоначалници, предизвикувајќи силни политички реакции.

Според првиот човек на СПАК, Алтин Думани, во овие години се запленети и конфискувани средства во вредност од над 150 милиони евра, додека меѓународната соработка е еден од главните столбови на успехот во борбата против неказнивоста. За неговите напори и истрајност во оваа битка, Алтин Думани е прогласен од САД за „шампион во борбата против корупцијата за 2024 година“.

Работата и достигнувањата на СПАК добија позитивни оценки од меѓународните партнери, особено од САД и ЕУ, кои ја гледаат оваа институција како суштинска за успехот на реформите во правосудството во Албанија. вт/ми/

 

 

Остани поврзан