• понеделник, 14 октомври 2024

Американската војска соопшти дека се убиени четворица водачи на Исламска држава

Американската војска соопшти дека се убиени четворица водачи на Исламска држава

Вашингтон, 14 септември 2024 (МИА) - Американската армија соопшти дека, во координација со ирачките безбедносни сили, извршила напад во западен Ирак во кој се убиени четворица водачи на групата Исламска држава, вклучително и шефот на операциите во таа земја.

- Оваа операција беше насочена кон лидерите на Исламската држава и ги наруши и намали нејзините можности да организира и спроведува операции, соопшти командата на американската војска за Блискиот Исток.

Се додава дека во акцијата што била изведена на крајот на август биле убиени вкупно 14 членови на Исламска држава.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан