Американската војска погодила проектил на јеменските хути што му се заканувал на американски авион
- Американските сили „погодија и уништија ракета земја-воздух на хутите, подготвена за лансирање“, откако утврдија дека таа „претставува непосредна закана за американски авион“, се вели во соопштението на Централната команда објавено на социјалните мрежи.

Вашингтон, 31 јануари 2024 (МИА ) - Американските сили денеска уништија проектил на јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, што претставувал „непосредна закана“ за авион на Вашингтон, соопшти американската војска.
Американските сили „погодија и уништија ракета земја-воздух на хутите, подготвена за лансирање“, откако утврдија дека таа „претставува непосредна закана за американски авион“, се вели во соопштението на Централната команда објавено на социјалните мрежи. зш/