• вторник, 11 февруари 2025

Американка дознала дека ќе има бебе само неколку часа пред пораѓањето

Американка дознала дека ќе има бебе само неколку часа пред пораѓањето
Чикаго, 23 февруари 2022 (МИА) - Ники Гарлик и нејзиниот сопруг Келси, од американската сојузна држава Илиноис, дознале дека чекаат бебе само неколку часа пред пораѓањето. Двајцата претходно имале проблеми со зачнувањето и мислеле дека веројатно никогаш нема да можат да имаат биолошко дете. Поради ова, тие одлучиле да посвојат две деца кои сега имаат четири и шест години. Меѓутоа, Ники ненадејно се породи на почетокот на овој месец. Го добија и синот Чарли. Ники нормално работи како учителка, а на 1 февруари, за време на час, добила болки. Побарала лекарска помош и како што вели, така таа и сопругот дознале дека е бремена во 34 недела. - Бев дома и ги чував нашите две деца кои ги посвоивме. Ники ми ја кажа добрата вест. Бев шокиран кога ми кажа дека е речиси во деветтиот месец од бременоста, изјави Келси за списанието „Пипл“. Породувањето одело тешко и лекарите морале да направат царски рез бидејќи имало опасност Ники да доживее мозочен удар и бебето можело да умре. Сѐ завршило добро. Двојката, инаку, мора да собира и пари преку донации на страницата „GoFundMe“, оти Ники нема платено породилно отсуство, а сѐ уште заздравува од операцијата.  си/

Остани поврзан