• сабота, 21 декември 2024

Амбасадорот на Турција Фатих Улусој во посета на Неготино 

Амбасадорот на Турција Фатих Улусој во посета на Неготино 

Неготино, 31 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција Фатих Улусој, кој беше придружуван од неговите соработници за трговија и за верски прашања.

- На средбата од двете страни беше искажана и потврдена подготвеноста за активна и отворена билатерална соработка преку заеднички проекти кои би се реализирале во иднина. Амбасадорот Улусој ја потенцираше економската соработка и најави дека по завршувањето на средбата ќе ја посетат Фабриката за кабли која е со турски инвеститори, а остави и отворена можност за идна соработка со општина Неготино преку Агенцијата за соработка на Турција во Македонија ТИКА, соопшти Стојанов на Фејсбук.

Тој подвлече дека како градоначалник  ја искажал подготвеноста за соработка на повеќе полиња во иднина, а воедно и јавно се заблагодарил за помошта од Република Турција во гаснењето на пожарите во земјава, а посебно на планината Серта со еден хеликоптер и два „ер трактори“. свд/мд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан