• петок, 05 декември 2025

Амбасадорот на Австрија, Памер, во посета на Општина Струмица

Амбасадорот на Австрија, Памер, во посета на Општина Струмица

Струмица, 22 мај 2025 (МИА) - Амбасадорот на Австрија во нашата земја, Мартин Памер, денеска беше во посета на Општина Струмица и притоа се сретна со градоначалникот Костадин Костадинов.

Веста за посетата на амбасадорот ја објави Костадинов на неговиот фејсбук профил, наведувајќи дека убава и привлечна е Струмица, има што да понуди и што да се види во неа.

-Го запознав со сите карактеристики на нашата Струмица, нејзиниот развој, проектите кои го забрзуваат нејзиниот прогрес, а кои се реализираат по европски терк, како што се јавниот електричен превоз, со што сме првата таква општина на Балканот, „Струмица – Вело град“ и уште многу други, но и за игнорантскиот однос на власта кон Струмица и нејзините граѓани, напиша Костадинов.

На крајот струмичкиот градоначалник додаде дека со амбасадорот Памер разговарале и за можностите за соработка, но и на актуелни политички теми и македонските предизвици на патот кон ЕУ.рт/цр

Фото: ФБ Костадин Костадинов

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан