Амбасадорот Марковски се сретна со чешкиот амбасадор во Тирана
- Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба со новиот амбасадор на Чешката Република, во Албанија, Карел Урбан, информираат од амбасадата.
Тирана, 21 февруари 2022 (МИА) - Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба со новиот амбасадор на Чешката Република, во Албанија, Карел Урбан, информираат од амбасадата.
-На средбата разменети се мислења за состојбите во регионот и перспективите на земјите од Западен Балкан. Амбасадорот Марковски го информираше чешкиот колега за новиот пристап во разговорите на Северна Македонија со Бугарија, во светло на постепено градење доверба со цел симнување на бугарското вето и организирање на првата меѓу владина конференција со ЕУ, стои во соопштението од амбасадата.
Амбасадорот Карел ја потврдил силната поддршка што чешката дипломатија ѝ ја дава на Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат.
Ова е последователна работна средба на амбасадорот Марковски, со негови колеги од повеќе земји, меѓу кои словенечкиот, швајцарскиот, хрватскиот и српскиот, како и амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и Северна Македонија. вт/аа/