Амбасадорот Марковски на работна средба во Тирана со претседателката на државниот комитет за малцинства Бежани
- Амбасадор на С Македонија во Тирана, Данчо Марковски, денеска беше во посета на државниот комитет за малцинства на Република Албанија, каде имаше работна средба со претседателката на комитето
Тирана, 18 март 2022 (МИА) - Амбасадор на С Македонија во Тирана, Данчо Марковски, денеска беше во посета на државниот комитет за малцинства на Република Албанија, каде имаше работна средба со претседателката на комитетот Константина Бежани.
- На средбата беа поткренати повеќе прашања од интерес на македонското национално малцинство, а во светло на донесувањето на подзаконските акти во согласност со донесениот Закон за малцинства во Албанија, што меѓу другото е обврска и од Советот за Европа, информираа од Амбасадата.
Марковски рекол дека очекува Комитетот активно да се вклучи при спроведување на пописот на населението, што е предвидено да се спроведе во октомври годинава, со цел да се оневозможат било какви притисоци во поглед на слободното изразување на националната припадност.
- Заеднички беше констатирано дека националните малцинства имаат особено значајна улога во градењето на пријателски односи, особено што Албанија има позитивен однос кон малцинските групи, додаваат од Амбасадата.
Амбасадорот Марковски ја нагласил потребата Комитетот да го засили едукативниот метод за начинот на поднесување проектни пријави, како кон албанската држава, така и кон соодветните европски фондови, со цел јакнење на етничко – културниот идентитет. вт/цр