• петок, 22 ноември 2024

Амбасадорот Гир ја отвори Европската куќа во Струга

Амбасадорот Гир ја отвори Европската куќа во Струга

Струга, 30 мај 2024 (МИА) – Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска прусуствуваше на отворањето на Европската куќа во Струга, шестиот објект што Европската унија го отвора во земјава.

- Мрежата Европски куќи се проширува низ целата земја, истата е мошне активна во промовирање места за новите генерации. Европските куќи претставуваат инвестиција во младите на оваа земјата, во иновации, во нивната креативност и нивната европска идинина, тука во Северна Македонија. Во нашите Европски куќи само минатата година се организирани повеќе од 900 активности и настани со учество на над 36 илјади млади лица, истакна Гир на свеченоста по повод предавањето на објектот во употреба.

Тој ги повика младите од Струга и околните места да ја посетат Европската куќа, дека незјините врати се отворени, порачувајќи им да дојдат и да го претворат тоа место центар за сите млади во кое ќе се промовираат заедничките европски вредности.

- Струга го промовира универзалниот јазик на поезијата уште од 1960 година. Врз културното наследство останато од Браќата Миладиновци, преку Струшките вечери на поезијата, тука гостуваа многумина од најпознатите поети на сите времиња, презентирајќи идентични вредности, независно од каде и да дошле. Токму поезијата е моќен катализатор на дијалогот и на мирот. Европската куќа во Струга се раководи од истите тие принципи, да ги обединува младите, да им помогне да разменуваат идеи, да ги надградуваат вештините и да промориваат иновативни размислувања и пристапи, и најважно, да се обединет кон подобра иднина, им порача европамбасадорот на младите присатни на отворањето на Европската куќа во Струга.

Активностите на Гир во Струга продолжија со откривање на муралот „Симбиоза“ финансиран од ЕУ, во Музејот на природата „Д-р Никола Незлобински“. Младите од Струга потоа имаа можност за дружба со нивните врсници преку настан за вмрежување на отворено.

„Јуроп Хаус“ Струга го одржа својот прв настан на 21 март 2024 година, на Светскиот ден на поезијата. Во оваа пригода, во соработка со Струшките вечери на поезијата беше возобновена наградата „Млада Струга“.

Растот на мрежата на „Јуроп Хаус“ во земјава започна во Скопје во ноември 2019 година, продолжи во Крива Паланка и Струмица во февруари 2021 година, во Битола и Велес во мај и јуни 2023 година. По Струга мрежата годинава ќе биде заокружена со отворање таков објект во Тетово, предвиден за наредната седмица. аб/цр

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан