• недела, 22 декември 2024

Амазон повлече од продажба седум милиони фалсификувани производи во 2023 година.

Амазон повлече од продажба седум милиони фалсификувани производи во 2023 година.

Вашингтон, 26 март 2024 (МИА) - Американскиот малопродажен и технолошки гигант Амазон повлече од продажба повеќе од седум милиони фалсификувани производи во 2023 година, покажува денеска објавен извештај.

Во 2020 година, компанијата формираше оддел за борба против фалсификување, кој досега поднел тужби и кривични пријави против повеќе од 21.000 правни и физички лица одговорни за нивната продажба, рече потпретседателот на Амазон, Дармеш Мехта.

Мерките против фалсификување вклучуваат производи кои требало да бидат воведени во логистичкиот циклус на Амазон и информирање на компаниите и властите за магацините на фалсификаторите, наведува Амазон.

Од компанијата исто така посочуваат дека сега темелно ги проверуваат продавачите, што ги одвраќа фалсификаторите да отворат нови сметки на нивната платформа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан