Ал Џезира: Американската активистка била убиена од израелски снајперист
- Аутопсијата на американската активистка со турско потекло покажа дека била убиена од израелски снајперист, изјави началникот на Наблус за Ал Џазира.
Вашингтон, 7 септември 2024 (МИА) - Аутопсијата на американската активистка со турско потекло покажа дека била убиена од израелски снајперист, изјави началникот на Наблус за Ал Џазира.
Дваесет и шестгодишната Ајсенур Езги Ејги учествувала на протест против проширувањето на нелегалното израелско населување во Беити, јужно од Наблус, на Западниот Брег, кога била застрелана во глава.
Директорот на болницата Рафидија во Наблус претходно рече дека жената била донесена кај нив во многу критична состојба, со сериозна повреда на главата. „Се обидовме да ја реанимираме, но за жал таа почина“, изјави тој.
Ова е втор случај да американски државјанин биде застрелан од страна на израелските сили.
Пред еден месец, на пропалестинските протести американскиот државјанин и активист Амадо Сисон беше застрелан во ногата од страна на израелските сили. ссм/