• петок, 05 декември 2025

Ал Хилал му нуди на Фернандеш договор вреден над 33 милиони фунти годишно

Ал Хилал му нуди на Фернандеш договор вреден над 33 милиони фунти годишно

Ријад, 23 мај 2025 (МИА) - Ал-Хилал сака да го донесе во своите редови фудбалерот од средниот ред и капитен на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, пред Светското клупско првенство, кое започнува на 15 јуни. 

На фудбалерот му се дадени 72 часа да донесе одлука, објави „Give me Sport“.

Ал-Хилал е подготвен да му понуди на 30-годишниот играч плата од 700 илјади фунти неделно и дополнителни бонуси. 

Доколку Фернандеш се согласи, Ал-Хилал ќе се обрати до Манчестер јунајтед во врска со трансферот.

Фернандеш одигра 56 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 19 гола и исто толку асистенции. Неговиот договор со клубот е со важност до летото 2027 година. 

Пазарната вредност на фудбалерот, според „Трансфермаркт“, е 55 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан