• среда, 24 јули 2024

Ал Сиси: Ескалацијата во Израел е опасна, може да влијае на стабилноста на Блискиот Исток

Ал Сиси: Ескалацијата во Израел е опасна, може да влијае на стабилноста на Блискиот Исток

Каиро, 10 октомври 2023 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави дека ескалацијата на ситуацијата меѓу Израел и Палестинците е многу опасна и може да влијае на безбедноста и стабилноста на целиот регион на Блискиот Исток.

„Египет се надева на решение што ќе доведе до мир и создавање на палестинска држава“, рече Ал Сиси.

Тој додаде дека прави се за што поскоро да се воспостави примирје што ќе ги поштеди цивилите од двете страни.

Ал Сиси нагласи дека националната безбедност на Египет е негов врвен приоритет и дека нема да го игнорира ова прашање под никакви околности. ссм/

фото: архива

Остани поврзан