• петок, 05 декември 2025

Ал Наср заинтересиран за Ентони од Манчестер јунајтед

Ал Наср заинтересиран за Ентони од Манчестер јунајтед

Ријад, 27 јули 2025 (МИА) - Ал Наср сака да реализира трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Ентони, објавува „Фут Меркато“.

Саудискиот клуб веќе им дал понуда на „Црвените ѓаволи“. 

Премиерлигашот очекува да заработи околу 50 милиони фунти од трансферот.

Ентони игра за Манчестер јунајтед од летото 2022 година. Дваесет и петгодишниот Бразилец ја помина втората половина од сезоната 2024/25 во шпанскиот Бетис, каде што одигра 26 натпревари, постигна девет гола и направи пет асистенции. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на играчот на 35 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан