• четврток, 02 мај 2024

Ал Наср загуби од Ал Аин во пенал рулетот и е елиминиран од азиската Лига на шампиони

Ал Наср загуби од Ал Аин во пенал рулетот и е елиминиран од азиската Лига на шампиони

Ријад, 12 март 2924 (МИА) – Саудиски Ал Наср загуби на пенали од Ал Аин во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони. Во реваншот одигран синоќа во Ријад тимот на Роналдо победи со 3:2 по продолженија. Основните 90 минути завршија со 2:1, а во дополнителните 30 беа постигнати по еден гол на двете страни, па се дојде до вкупни  4:4 заедно со резултатот (1:0) од првиот натпревар.

Во пенал серијата за Ал Наср погоди само Роналдо, додека за тимот од ОАЕ ги реализира првите три удари од 11 метри и избори четвртфинале.

Во полуфиналето на азиската Лига на шампиони, Ал Аин ќе се сретне со победникот од двојката Ал Хилал - Ал Итихад. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан