• четврток, 21 ноември 2024

Ал Наср го отпушти тренерот Кастро

Ал Наср го отпушти тренерот Кастро

 

Ријад, 17 септември 2024 (МИА) – Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср денеска го отпушти тренерот Луис Кастро поради слаби резултати.

Ал Наср забележа само една победа во воведните три кола под водство на Кастро, кој го презеде клубот минатиот јули, но не успеа да освои трофеј.

Минатата сезона Ал Наср беше вицешампион, зад Ал Хилал.

„Ал Наср објавува дека тренерот Луис Кастро го напушти клубот. Сите во Ал Наср сакаат да им се заблагодарат на Луис и неговите колеги за нивната посветена работа во овие 14 месеци и да им посакаат среќа во иднина“, се вели во клупското соопштение.

Минатиот април тренерот Руди Гарсија го напушти Ал Наср откако не успеа да ја освои титулата и покрај доаѓањето на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо четири месеци претходно.

Како што пренесуваат саудиските медиуми, еден од кандидатите за нов тренер на Ал Наср е Стефано Пиоли, кој го напушти Милан во мај. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан