• понеделник, 23 декември 2024

Ал Малики на СБ на ОН: Запрете ги масакрите врз палестинскиот народ

Ал Малики на СБ на ОН: Запрете ги масакрите врз палестинскиот народ

Њујорк, 25 октомври 2023 (МИА) - Палестинскиот министер за надворешни работи и иселеници Ријад Ал Малики денеска го повика Советот за безбедност на ОН да ги запре „масакрите“ врз палестинскиот народ.

Ал Малики, во говорот за време на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која се разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и палестинското прашање, рече дека „континуираните масакри - намерни, систематски и брутални - извршени од Израел, окупаторската сила, мора да престанат“, објави агенцијата ВАФА.

Тој нагласи дека „должност на СБ е да ги запре овие масакри, додека меѓународната заедница е исто така обврзана со меѓународното право да ги спречи, а има и колективна хуманитарна должност“.

„Постојаниот неуспех на Советот за безбедност е непростив“, рече Ал Малики.

Тој остро ја осуди меѓународната заедница за, како што рече, нејзината „селективност и двојни стандарди“.

„Дали ова масовно убивање не ве навредува? Каде е бесот поради убиствата на цивили во Појасот Газа?“, рече Ал Малики. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан