• петок, 30 август 2024

Ал Ахли му понуди на Симеоне 40 милиони евра годишно

Ал Ахли му понуди на Симеоне 40 милиони евра годишно

Ријад, 8 јули 2023 (МИА) - Саудискиот тим Ал Ахли му понуди договор на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, објави Марка.

 

Според шпанскиот весник, Атлетико се уште не разговарал за нов договор со 53-годишниот фудбалски стручњак. Актуелниот договор на Симеоне е до летото 2024 година.

 

Инсајдерот Николо Шира информира дека Ал-Ахли му нуди на Симеоне двегодишен договор со плата од 40 милиони евра годишно.

 

Симеоне е на чело на Атлетико Мадрид од 2011 година. Со тимот двапати го освои шпанското првенство, Лигата на Европа и Суперкупот, еднаш Купот и шпанскиот Суперкуп. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан