Алфа Ромео го претстави болидот за сезоната 2023
- Тимот на Алфа Ромео го претстави новиот Формула 1 болид.
Цирих, 7 февруари 2023 (МИА) - Тимот на Алфа Ромео го претстави новиот Формула 1 болид.
Сезоната 2023 година ќе биде последна за швајцарскиот тим под спонзорското име, Заубер и Алфа Ромео ќе ја прекинат соработката на крајот на годината.
Од сезоната 2026, Заубер ќе започне стратешко партнерство со „Ауди“, кој веќе има стекнато малцински удел во тимот.
Валтери Ботас и Џоу Гуангју ќе продолжат да возат за Алфа Ромео во 2023 година. зс/