• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алонсо ќе се бори да ја задржи Барселона во календарот на Формула 1

Алонсо ќе се бори да ја задржи Барселона во календарот на Формула 1

Барселона, 27 мај 2025 (МИА) - Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо е новиот амбасадор на патеката Барселона-Каталуња, чие место во светскиот шампионат е под знак прашалник. Популарната патека може да биде домаќин на својата последна трка од Формула 1 следната година, по што договорот за патеката истекува и Мадрид влегува во календарот.

Минатата година, патеката во Барселона претрпе голема модернизација, со нова инфраструктура за боксовите, нови ВИП трибини и голем број подобрувања.

-Во календарот на Формула 1 има неколку видови патеки, вклучувајќи градски патеки и патеки на Блискиот Исток, кои се исклучително модерни. Но, постојат и историски патеки во Формула 1, кои имаат долга традиција, каде што е напишана историјата на нашиот спорт. Треба да се разгледаат сите опции, но верувам дека овие патеки треба да останат во Формула 1, ова важи и за Барселона-Каталуња, бидејќи ги исполнува потребните услови, има традиции и придонела во историјата на Формула 1, изјави Алонсо.

Патеката во Барселона го имаше своето деби во Формула 1 во 1991 година, а Гран При на Шпанија претходно се одржуваше во Херез, Харама, Монжуик и Педралбес. дс

Фото: Архива

Остани поврзан