Алонсо против одлуката натпревар од Ла Лига да се игра во САД
- Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го поддржа ставот на клубот за одржување на натпреварот од 17. коло од сезоната 2025/26 во Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона во САД.

Мадрид, 19 август 2025 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го поддржа ставот на клубот за одржување на натпреварот од 17. коло од сезоната 2025/26 во Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона во САД.
- Се согласувам целосно со изјавата на клубот. Доколку се променат правилата, тоа мора да се направи едногласно од сите учесници. Сега тоа не е случај, изјави Алонсо за „Диарио АС“.
Претходно, Реал Мадрид се изјасни против одржувањето на натпревар од шпанското првенство во САД.
Натпреварот од Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона е планирано да се игра во Мајами.
- Сакаме да им ставиме до знаење на нашите вработени, навивачи и навивачите на фудбалот воопшто дека решително го отфрламе предлогот за одржување на натпревар од Ла Лига надвор од Шпанија, одговори Реал Мадрид.
Клубот од Мадрид забележа дека одржувањето на натпреварот во друга земја не е договорено со другите клубови од Ла Лига. Тие се исто така незадоволни од фактот дека за Барселона ова нема да биде гостување, туку всушност средба на неутрален терен, што би можело да им даде предност.
Натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона е закажан за 21 декември 2025 година. зс/
Фото: ЕПА