Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид
- Двократниот светски шампион во Ф1, Фернандо Алонсо, најде интересна перспектива за борбите на тимот во сезоната 2024 година, поради која Астон Мартин заостанува зад лидерите и се најде на средината на гридот - големо назадување во перформансите на тимот во однос на 2023 година.
Силверстоун, 8 декември 2025 (МИА) - Двократниот светски шампион во Ф1, Фернандо Алонсо, најде интересна перспектива за борбите на тимот во сезоната 2024 година, поради која Астон Мартин заостанува зад лидерите и се најде на средината на гридот - големо назадување во перформансите на тимот во однос на 2023 година.
-Не ми е тешко да најдам мотивација. Постојано се натпреварувам. И веќе се навикнав да го немам најдобриот болид. За 25 години во спортот ова ми се случи само еднаш - кога возев за Тојота во Светскиот шампионат во издржливост, така што дефинитивно не ми недостасува мотивација, објасни Алонсо.
Шпанецот додаде дека новиот изглед на календарот во Формула 1 со 24 тркачки викенди практично не дозволува ниту еден пилот да се опушти и ако тоа се случи, тогаш тој најверојатно има некои проблеми. дс
Фото: Архива