• среда, 26 јуни 2024

Алонсо за поразот во финалето на ЛЕ: Аталанта беше подобра во сите аспекти

Алонсо за поразот во финалето на ЛЕ: Аталанта беше подобра во сите аспекти

Даблин, 23 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Баер, Чаби Алонсо ги сумираше впечатоците од финалето на Лига Европа против Аталанта.

Тимот од Леверкузен синоќа во Даблин загуби од италијанскиот претставник со 3:0.

- Не можевме да се справиме со многу ситуации, Аталанта беше многу подобра од нас. Не ја контролиравме топката, едноставно имавме лош ден. Серијата без пораз заврши. И честитам на Аталанта, тие го заслужуваат трофејот. Би рекол дека беа подобри од секој аспект. Кога го постигнаа првиот гол имаа многу енергија. Треба да извлечеме поука од овој меч. Боли што ова се случува на толку важен ден. Во сабота имаме уште едно финале и ќе се обидеме да се поправиме, изјави Алонсо за „TNT Sports“.

Италијанскиот клуб за прв пат во историјата ја освои Лигата на Европа. Избраниците на Чаби Алонсо ја прекинаа рекордната серија од 51 меч без пораз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан