Ал-Наср го отпушти извршниот директор Мајед Ал-Сорур, тој ќе го тужи клубот
- Ал-Наср објави отказ за извршниот директор на клубот Мајед Јаман Ал-Сорур.
Ријад, 17 јуни 2025 (МИА) - Ал-Наср објави отказ за извршниот директор на клубот Мајед Јаман Ал-Сорур.
- Добиени се информации од внатрешни и надворешни извори во врска со одредени постапки на извршниот директор, врз основа на кои Управниот одбор одлучи да го суспендира и да спроведе истрага. Ал-Сорур беше официјално известен и целосно запознаен со сите детали. За време на истрагата, извршниот директор ги прекршил своите обврски објавувајќи твит од неговиот личен профил и наштети на угледот на компанијата. По ова, Управниот одбор едногласно одлучи да го раскине договорот со извршниот директор, се вели во соопштението на клубот.
По добиениот отказ, Ал-Сорур најави поднесување тужба против клубот.
-Денес моите услуги беа прекинати на начин што го сметам за непрофесионален, несоодветен и неприфатлив. Затоа, ќе започне правен процес помеѓу мене и управата што го води нашиот клуб, напиша Ал-Сорур.
Ал-Наср заврши на третото место во Премиер лигата на Саудиска Арабија во сезоната 2024/25.
Од 2023 година за Ал-Наср настапува португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо. зс/
Фото: ЕПА