• четврток, 22 мај 2025

Алкараз ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид поради повреда

Алкараз ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид поради повреда

Мадрид, 24 април 2025 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда нема да игра на Мастерсот во Мадрид, објави  „Marca“.

Се очекува 22-годишниот Шпанец да ја соопшти својата одлука денес на прес-конференција.

На 20 април Алкараз загуби од Данецот Холгер Руне во финалето на турнирот во Барселона (6:7 (6:8), 2:6). Во текот на натпреварот тој го повреди бутниот мускул на десната нога.

Турнирот во Мадрид ќе се игра до 4 мај. Алкараз го освои Мастерсот во 2022 и 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан