Алкараз прв финалист на Вимблдон
- Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, втора година по ред се пласираше во финалето на Вимблдон, совладувајќи го попладнево во полуфиналето Русинот Дањил Медведев (АТП – 5.) со 3-1 во сетови (6-7 (1), 6-3, 6-4, 6-4).

Лондон, 12 јули 2024 (МИА) – Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, втора година по ред се пласираше во финалето на Вимблдон, совладувајќи го попладнево во полуфиналето Русинот Дањил Медведев (АТП – 5.) со 3-1 во сетови (6-7 (1), 6-3, 6-4, 6-4).
Првото полуфинале на централниот терен на Ол Ингланд се играше два часа и 55 минути.
Алкараз во неделното финале ќе ја брани титулата против победникот од вториот полуфинален дуел, во кој вториот светски рекет и седумкратен победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе игра против Италијанецот Лоренцо Мусети (АТП – 25.). ег ФОТО: Икс