• недела, 22 декември 2024

Алкараз по елиминацијата од УС Опен: Не можев да се победам самиот себе

Алкараз по елиминацијата од УС Опен: Не можев да се победам самиот себе

Њујорк, 30 август 2024 (МИА) - Карлос Алкараз брзо се појави пред медиумите по неговиот неочекуван пораз во второто коло на УС Опен против Ботик ван де Зандшулп во три сета.

Шпанскиот ас во преден план ја стави одличната партија на Холанѓанецот.

-Тој беше неверојатен. Воопшто не ми даваше поени, не грешеше, што и очекував. Како тоа да ме вознемири. Моето ниво беше постојано исто, а тоа не беше доволно за да си дадам шанса да победам. Направив многу грешки, не ја погодував добро топката. Кога се обидов да се вратам, веќе беше доцна, изјави Алкараз.

Сепак, според третиот играч на светот, тој ја имал најголемата пресметка со себе во текот на целиот натпревар.

-Тоа беше борба со себе, во мојот ум за време на натпреварот. Во тенисот играш против некој кој го сака истото како тебе, да победи и треба да бидеш максимално смирен за да размислуваш подобро и да се трудиш да правиш добри работи. Денеска играв против моите ривали и играв против себе, во мојот ум. Многу емоции кои не можев да ги контролирам, додаде Шпанецот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан