• четврток, 25 април 2024

Алкараз: Ми се оствари сонот да станам прв светски рекет

Алкараз: Ми се оствари сонот да станам прв светски рекет
Мадрид, 15 септември 2022 (МИА) – Новиот лидер на АТП ранг-листата, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, рече дека му се исполнил сонот да стане најдобар. - Многу сум горд што станав број 1 во светот, мојот сон се оствари. Голема радост е да се види колку луѓе ме поддржуваат во секој момент и секој натпревар. Многу сум горд што можам да ја претставувам Шпанија каде и да одам, изјави Алкараз. Деветнаесетгодишниот Алкараз во неделата го освои Грен слемот УС Опен и изби на водечката позиција на светската ранг-листа. зс/

Остани поврзан