Алкараз го победи Хуркач и се пласираше во финалето на турнирот во Ротердам
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Полјакот Хуберт Хуркач во полуфиналето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија) - 6:4, 6:7 (5:7), 6:3.
![Алкараз го победи Хуркач и се пласираше во финалето на турнирот во Ротердам](https://mia.mk/images/20250209090023_big_730x400_6.webp )
Ротердам, 9 февруари 2025 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Полјакот Хуберт Хуркач во полуфиналето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија) - 6:4, 6:7 (5:7), 6:3.
Мечот траеше 2 часа и 23 минути.
Алкараз сервираше 5 аса, направи 4 двојни грешки и реализираше 3 од 9 брејк топки.
Хуркач имаше 10 аса, 1 двојна грешка и 1 конвертирана брејк топка од 6.
Во финалето денес од 15:30 часот, Алкараз, кој е актуелен шампион на турнирот, ќе се соочи со Австралиецот Алекс де Минаур. зс/
Фото: ЕПА