Алкараз го откажа настапот во Ротердам поради замор
- Ден откако триумфираше на Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да ја брани титулата на претстојниот АТП турнир во Ротердам, поради замор.
Ротердам, 2 февруари 2026 (МИА) – Ден откако триумфираше на Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да ја брани титулата на претстојниот АТП турнир во Ротердам, поради замор.
„По консултациите со мојот тим, морав да донесам тешка одлука да се повлечам од „ABN AMRO Open“. Ми треба повеќе време да се опоравам од долгиот престој во Австралија. Разочаран сум што нема да можам да ја бранам титулата од минатата година. Минав одлично во Ротердам минатата година и се надевам дека наскоро ќе се вратам“, наведе Алкараз во официјалното соопштение.
Прв носител на турнирот во Родердам, што почнува в сабота, е Германецот Александар Зверев, а на местото на Алкараз ќе настапи Французинот Џовани Перикард. ег
ФОТО: ЕПА