• петок, 05 декември 2025

Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа

Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа

 

Виена, 15 јули 2025 (МИА) – Ракометарите на скопски Алкалоид ќе играат против германски Хановер во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа, одлучи денешната жрепка.

Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ, беше во групата на неносители и го доби најтешкиот можен противник.

Квалификациското коло е закажано за 30/31 август и 6/7 септември.

Избраниците на Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го играат на гостински терен.

Алкалоид ќе се обиде да стане вториот македонски претставник кој во новата сезона ќе игра во групната фаза во второто по ранг европско клупско ракометно натпреварување во кое место веќе обезбеди Вардар 1961. ег

ФОТО: МИА

Остани поврзан