Алијанса за Албанците: Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор за случајот М-НАВ
- Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, за ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат.

Скопје, 5 јануари 2024
Нападот на контролната кула на скопскиот аеродром е скандалозен инцидент од меѓународни размери. Овој чин го загрози меѓународниот воздушен сообраќај и животите на стотици или илјадници патници кои би можеле да настрадат како резултат на овој инцидент. Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, за ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат. Воедно бараме од одговорните органи да го зголемат степенот на безбедност во овие објекти и институции а да истражат и како напаѓачите, неовластено успеале да влезат во контролната кула.
Фејсбук статус, Алијанса за Албанците
________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.