• среда, 25 декември 2024

Алијанса за Албанците влегува во Владата

Алијанса за Албанците влегува во Владата

Тетово, 9 февруари 2023 (МИА) - Алијансата за Албанците влегува во Владата, потврди вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари по седницата на највисокото партиско тело во Тетово. 

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство правда , Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците.

Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделие.

-Најверојатно утре ќе имаме состанок со премиерот Димитар Ковачевски на кој веќе синхронизираните програми ќе ги потпишеме и можеби утре ќе се дадат имињата за идните можни министри и заменици министри, рече Таравари. ас/дма/

Остани поврзан