• четврток, 21 ноември 2024

Алиев и Пашинјан постигнаа историски договор за враќање на четири ерменски села во Азербејџан

Алиев и Пашинјан постигнаа историски договор за враќање на четири ерменски села во Азербејџан

Ереван/Баку, 19 април 2024 (МИА) - Ерменија се согласи да врати неколку села на Азербејџан, што денеска е опишано како важна пресвртница додека двете страни се приближуваат до мировен договор по двете војни од распадот на Советскиот Сојуз.

Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи, Ајхан Хаџизада, на платформата X објави дека Ерменија ќе врати четири села во близина на заедничката граница што беа „под окупација“ од раните 1990-ти, опишувајќи го тоа како „долго очекуван историски настан“.

-Во овој процес, Република Ерменија добива намалување на ризиците поврзани со демаркацијата на границата и безбедноста, изјави ерменскиот премиер Никола Пашанјан, цитирам од државната агенција.

„Примопредавањето во пракса опфаќа само две и пол села бидејќи Азербејџан веќе делумно ги контролираше придружените населби, но демаркацијата на границата се смета за значаен настан“, се додава.

Населбите се напуштени, но се стратешки важни бидејќи се блиску до главниот ерменски автопат, северно до границата со Грузија, преку кој се одвива голем дел од нејзината трговија, како и до гасоводот преку кој добива гас од Русија. Договорот е постигнат на средба на границата на двете земји.

Азербејџан побара враќање на селото како предуслов за мировен договор по повеќе од три децении конфликт, главно фокусиран на Нагорно-Карабах.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан