• недела, 22 декември 2024

Алжир предложи нова нацрт резолуција во СБ на ОН за итен прекин на огнот во Газа

Алжир предложи нова нацрт резолуција во СБ на ОН за итен прекин на огнот во Газа

Њујорк, 2 февруари 2024 (МИА) - Алжир му предложи на Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, а со која, исто така, се „отфрла принудното раселување на палестинското цивилно население“. 

Британските медиуми пренесуваат дека нацрт резолуцијата, исто така, бара од сите страни да се усогласат со меѓународното право и повикува на целосен, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап до целиот Појас Газа. 

Тие наведува дека се уште не се знае кога ќе се гласа за нацрт-резолуцијата, за чие усвојување се потребни најмалку девет гласа и доколку постојаните членки САД, Британија, Кина, Русија или Франција не стават вето. 

САД и Израел се противат на прекин на огнот во Газа, верувајќи дека тоа само ќе биде од корист за палестинската милитантна група Хамас, потсетуваат британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан