• петок, 05 декември 2025

Алжир им нареди на 12 француски дипломати да ја напуштат земјата

Алжир им нареди на 12 француски дипломати да ја напуштат земјата

Алжир, 14 април 2025 (МИА) - .Алжир им нареди на 12 вработени во француската амбасада да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за весникот Фигаро.

- Оваа одлука, како што се смета, е одговор на апсењето на тројца алжирски државјани осомничени за тешки кривични дела на француска територија, изјави Баро.

Според телевизијата BFM TV, тој ја оцени мерката како „неоправдана“.

- Одлучивме заедно со алжирската влада да ја обновиме линијата на дијалог во служба на нашите две земји. Ги повикувам алжирските власти да се откажат од овие мерки за протерување, кои немаат никаква врска со тековната правна постапка, додаде министерот.

Баро нагласи дека Франција ќе одговори „веднаш“ доколку протерувањата продолжат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан