• петок, 22 ноември 2024

Ален Делон ќе биде погребан в сабота

Ален Делон ќе биде погребан в сабота

Париз, 21 авгyст 2024 (МИА) - Кинолегендата Ален Делон, кој почина на 18 август, на 88 години, ќе биде погребан в сабота. Ова, за француските медиуми го потврди католичкиот свештеник кој треба да го одржи поменот.

Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен бискуп во југоисточниот француски град Гап, рече дека глумецот побарал од него да ја одржи погребната богослужба. Делон, инаку, не сакал погреб пред очите на целата нација и светска јавност, туку само собир на поблиските луѓе.

Франција му оддава почит на Делон, една од најголемите филмски ѕвезди во земјата во 1960-тите, но и воопшто - во историјата. Тој, како француски секс-симбол, не беше отпорен ниту на контроверзии, коишто го следеа низ целиот негов живот.

Неофицијално, погребот ќе се одржи во 17:00 часот по француско и македонско време, во Души-Монкорбон, село во средишна Франција. Таму, Делон имаше имот, каде што ги мина последните години од својот живот.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан