• недела, 22 декември 2024

Александар Николовски реизбран за претседател на УСС на УКИМ

Александар Николовски реизбран за претседател на УСС на УКИМ

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по пат на тајно гласање го избра претседателот на Собранието на седница одржана на 16.10.2024. Новиот претседател, Александар Николовски, го искористи правото на реизбор и вторпат ќе раководи со Собранието.

Покрај претседател, беа избрани и девет сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот.

Сенатори се Филип Петковски - Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Слободан Панајотов - Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Ивона Тодорова - Правен факултет, Ангела Василевска - ФИНКИ, Никола Ѓоргиев - Факултет за музичка уметност, Зорица Бојаџиева - Технолошко-металуршки факултет, Доротеа Камчевска - Педагошки факултет, Иван Трајковски - Економски факултет и Филип Калаџиски - Медицински факултет. мч/аа/

фото: фб на УСС

Остани поврзан