• петок, 26 јули 2024

Алварез ќе го продолжи договорот со Манчестер сити до 2028 година

Алварез ќе го продолжи договорот со Манчестер сити до 2028 година

Манчестер, 13 март 2023 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер Сити, Џулијан Алварез е блиску до потпишување нов договор со клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.

 

Сите услови со 23-годишниот Аргентинец беа договорени минатата недела. Новиот договор ќе се пресметува до летото 2028 година, а платата на напаѓачот ќе биде зголемена.

 

Алварез во јануари минатата година се пресели во Манчестер Сити. Напаѓачот одигра 31 настап во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 10 голови и 3 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан