• петок, 26 јули 2024

Алварез го продолжи договорот со Манчестер сити до 2028 година

Алварез го продолжи договорот со Манчестер сити до 2028 година

Манчестер, 16 март 2023 (МИА) - Манчестер сити на својата официјална веб-страница објави дека на напаѓачот Хулијан Алварез му е продолжен договорот до 2028 година.

 

- Ова е многу важен момент за мене и моето семејство. Бев многу задоволен од мојата прва сезона овде, но има уште многу што можам да направам. Знам дека можам да се подобрам и Сити ми дава се што ми е потребно за да го реализирам мојот потенцијал, изјави Алварез.

 

Напаѓачот е во Манчестер сити од јануари минатата година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на 23-годишниот Аргентинец на 50 милиони евра.

 

Во тековната сезона, Алварез забележа 33 настапи за Граѓаните во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и три асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан