• недела, 28 јули 2024

Албер Втори го подигна општествениот статус на својата најмала внука, Ками Готлиб

Албер Втори го подигна општествениот статус на својата најмала внука, Ками Готлиб

Монте Карло, 11 март 2021 (МИА) - Принцот на Монако, Албер Втори и неговата постара сестра, принцезата Каролин се осојузија во обид да го променат статусот на својата внука Ками Готлиб - најмалата ќерка на нивната сестра - принцезата Стефани. По неколку месеци без јавни изјави, трите деца на Грејс Кели присуствуваа заедно на крштевање на катамаранот „Монако 1“, коешто ќе ги поврзе Кнежеството со италијанската општина Вентимиља.

За крстеничка е одбрана 22-годишната, „фамозна“ Ками Готлиб.

Облечена во костум со панталони и сако, и во спортски обувки, девојката пристигна во придружба со својот чичко, принцот Албер, на пристаништето во Монако, каде што почнаа свеченостите и обредите.

Ками Готлиб беше придружена и од мајка сѝ, браќата Полин и Луј Дукре и снаа ѝ Мари Шевалие. Принцезата Шарлин овојпат не му се придружи на семејството, но Каролин беше облечена во елегантно пастелно сино палто, коешто веќе го носеше на Националниот празник на Монако 2019 година.

Родена како вонбрачно дете во 1998. од врската на принцезата Стефани и нејзиниот телохранител Жан Рајмон Готлиб, Ками не е член на кнежевскиот дворец на Монако. Па така, за разлика од нејзините браќа и останатите внуци на Албер Втори, таа досега немаше свое место во наследствената линија на Моначкото Кнежевство, токму затоа што нејзините родители никогаш не се венчале. Тоа ќе рече - нејзината улога во оштествениот живот на Кнежеството беше второстепена и, веројатно, како принцот Албер, така и принцезата Каролин сакале да ја издигнат - со улогата на крстеница на катамаранот „Монако 1“.

Принцот Албер присуствуваше заедно со сестра сѝ Каролин на Националниот празник на Монако минатата година и ја придружуваше втората сестра Стефани на настан на Црвениот крст во февруари, но сега тројцата се заедно за првпат по јуни 2020., кога присустваа на погребот на нивен братучед.  си/

Остани поврзан