• понеделник, 23 декември 2024

Албанците од Косово, РС Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Албанците од Косово, РС Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Тирана, 8 јуни 2024 (МИА) - Албанците од Косово, Република Северна Македонија и Црна Гора повеќе не се обврзани да полагаат албански јазик при постапката за добивање албанско државјанство.

Законските измени објавени во службен весник стапуваат во сила на крајот на овој месец.

Со измените, државјанство со посебна процедура ќе се издава и за странци, помлади од 18 години, кои не живеат во Албанија, но земјата е заинтересирана за нив во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот, но со согласност на двајцата родители или законски старател.

Минатата година со албанско државјанство се стекнале 347 странци, додека годинава 159 лица. Најмногу барања за албански пасош поднеле косовски и турски државјани. вт/са/

фото МИА архива

Остани поврзан