• сабота, 06 јули 2024

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

Скопје, 17 февруари 2024 (МИА) - Декларацијата за обединување на албанските опозициски сили ќе биде потпишана денеска во Скопје.

Потписи на декларацијата ќе стават лидерите на Алијанса за Албанците (АА)  Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП)-   Изет Меџити на Демократското движење,  Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движењето Беса. 

Претседателот на АА, кој е и градоначалник на Гостивар, Таравари завчера објави дека ќе биде кандидат за претседател  на државата. Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од ЕСП. Најави дека ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена. вг/лв/

Фото: ФБ на Таравари

 

Остани поврзан