• петок, 05 декември 2025

Албанскиот амбасадор Меидани во посета на Бигорски манастир

Албанскиот амбасадор Меидани во посета на Бигорски манастир

Дебар, 14 јули 2025 (МИА) -  Амбасадорот на Република Албанија во нашата земја,  Денион Меидани денеска беше во посета на Бигорски манастир.

-Амбасадорот оствари пријателска и срдечна средба со Старецот на Бигорската Обител,  епископ Антаниски, г. Партениј, со кого разговараа за досегашните добри односи на манастирот со албанската заедница и со Република Албанија, како и за можностите за нивно продлабочување во иднина, информираа од манастирот.

Додаваат дека средбата се одржала во духот на взаемна почит, разбирање и искрено пријателство, со акцент на значењето што го има Православието за духовната и културната поврзаност меѓу двата соседни народи.

-Беше изразена заедничка надеж дека светлината на духовните и морални вредности, кои ги негува монашката традиција, ќе продолжи да биде мост на соработка и добрососедство, посочуваат од манастирот. вт/дма/


Фото: Бигорски манастир

Остани поврзан