• петок, 22 ноември 2024

Албанската ЦИК бара казни за 20 градоначалници, користеле јавни ресурси за изборна кампања

Албанската ЦИК бара казни за 20 градоначалници, користеле јавни ресурси за изборна кампања

Тирана, 8 мај 2023 (МИА) – Претседателот на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) Илиријан Целибаши соопшти дека до Комисијата за жалби и санкции упатил барања за изрекување  парични казни за градоначалници, претставници на министерства и директори на училишта, кои во изборната кампања користеле јавни ресурси.

-ЦИК бара парична казна за 20 градоначалници бидејќи користеле јавни ресурси за водење изборна  кампања. Казни се побарани и за пет генерални секретари во пет министерства како и за двајца директори на училишта, стои во објавата на веб страната на ЦИК.

Според медиумите Комисијата за жалби и санкции ќе одржи седница денеска, но повеќе од јасно е дека ќе даде позитивен одговор на барањето на ЦИК, бидејќи забрането е корисење на јавни ресурси за време на изборна кампања. вт/ссм/

Фото: ЦИК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан