• петок, 22 ноември 2024

Албанската полиција откри група од 38 имигранти

Албанската полиција откри група од 38 имигранти
Тирана, 17 јануари 2020 (МИА) – Албанската полиција откри група од 38 имигранти од Иран и од Ирак, кои илегално влегле од Грција, со цел да го продолжат патот кон некоја од западноевропските земји. Грчко-албанската граница ја минале кај Саранда, а потоа пеш патувале по необележани патишта за да го избегаат нивното откривање од полицијата. Илегалните мигранти обично ги користат областите на Девол и Корча, но поради зимата рутата ја пренасочуваат кон Саранда. Како што јави „Топ чанел“ приведените лица најверојатно од имигрантските кампови во Грција и ги користат патиштата на други имигранти кои ја минуваат Албанија за да влезат во Црна Гора, Хрватска, па во земјите во Европска Унија. По проверките, илегалните имигранти биле пренесени во бегалскиот центар кај Тирана. Имигрантите изјавиле дека во Албанија пристигнале пред два дена. - Сакаме подобар живот. Веќе два месеца одиме пеш. Ги напуштивме нашите земји поради сромаштија, истакна имигрантите. Во Албанја лани биле откриени над 10.000 имигранти, што е за 50 отсто повеќе споредено со претходната година. Како што деновиве потврди директорот на Управата за граница и миграцијата, Едуарт Меркај, тоа е благодарение на спроведените акции врз основа на оперативниот план и соработка со силите на ФРОНТЕКС. Според него откако биле приведени, речиси половина од имигрантите побарале азил во Албанија, додека други доброволно се вратиле назад. Контролата долж албанско-грчката граница освен со зголемено присуство на албански полицајци, од 22 мај 2019 година е зајакната и со 66 полицајци од 12 земји членки на ЕУ, припадници на Европската агенција за гранична безбедност. Инаку, полициската статистка потврдува дека во 2018 година бил забележан рекорден број на имигранти кои побарале азил во Албанија, дури 4.095, главно Сиријци, наспроти 2017 година кога тој број изнесувал 307. Минатата година тој број е над пет илјади. вт/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан